Анализа на програмската понуда на националните радиодифузери

Анализа на програмската понуда на националните радиодифузери

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ-Скопје создаде сиже од понудата на традиционалните медиуми – телевизиите и донесе заклучоци и препораки за подобрување, без притоа да се анализира уредничката политика на радиодифузерите во Република Македонија.
„Мета“ на анализа се телевизиите со национална концесија. Анализирани ТВ канали се: МРТ1, МРТ2, Алфа, Алсат, Канал 5, Сител, Телма,РТВ 21, Шења, 1ТВ, ТВ 24 (Вести), Наша ТВ и ТВ Сонце. Каналот Клан Македонијане е дел од анализата поради отсуството на јавно достапна програмска шема.
Претставени се насловите на понудените содржини, како и временскиот интервал за нивната застапеност во текот на денот. Истите се визуелно и процентуално прикажани преку поткатегориите на трите функции на медиумите.
Начинот на категоризација на програмата кај националните телевизии е во согласност со Упатството за начинот на класификација на аудиовизулените и аудио програми од АВМУ.

Целосната анализа можете да ја погледнете на следниот линк: тука.