Често поставувани прашања

jQuery UI Accordion – No auto height

Што претставува „Online анкетар“?

„Online анкетар“ претставува интернет услуга на Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје.
Членовите на „Online анкетар“ на ИНРЕКОМ, на својот е-маил во различни временски интервали добиваат прашалници на кои испитаниците треба да го споделат своето мислење.

Како да ги добијам заработените средства?

По собраните 1000 поени заклучно до крајот на јуни или крајот на декември и сакате да ги подигнете вашите 500 денари, треба да ни испратите е-маил со барање за исплата. На домашна адреса ќе ви биде доставен образец од договор кој пополнет заедно со копија од лична карта и трансакциска сметка треба да ги испратите во седиштето на ИНРЕКОМ. Доколку е сѐ во ред, средствата ќе ви бидат префрлени на сметка во определен рок.
Вашите прашања за подетални информации ги очекуваме на: contact@inrekom.org.mk, по што во рок од три работни дена нашиот тим ќе Ви прати одговор на Вашето прашање.

Колку често ќе учествувам во анкети?

Нема конкретна бројка. Учеството во истражувањата зависат од Вашиот демографски профил, па некогаш може да се случи да добиете повеќе анкети за кус рок, а некогаш да не добиете анкети подолг период.

Дали се контролираат одговорите?

Да. Контрола се врши за да бидеме сигурни дека секој одговор е осмислен. Во спротивно, доколку прашањата се одговорени нелогично, одговорите не се вреднуваат со поени. Ова важи за сите истражувања и сите испитаници.

Што со моите одговори?

Одговорите се разгледуваат групно и се претставуваат како просечна оцена за даденото истражување (пр. 7 од 10 лица во Македонија се информираат преку Интернет). Сите одговори се анонимни.

Колку заработка носи еден прашалник?

За секој прашалник ќе бидете информирани колку поени носи. Тоа зависи од големината и комплексноста на истиот.

Во продолжение можете да го погледнете приказот на поени што ги добивате:
Анкетен прашалник во времетраење до 10 минути: 5 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 11 до 15 минути: 10 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 16 до 20 минути: 15 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 21 до 25 минути: 20 поени
Анкетен прашалник во времетраење повеќе од 25 минути: 25 поени

Кога се врши исплата на заработените средства?

Исплатата на средствата се врши полугодишно, односно на секои шест месеци (јуни и декември).

Колку често ќе потполнувам анкети?

Учеството во истражувањата зависи од вашиот пол, возраст и останати демографски податоци. Право на учество имаат оние кои претходно добиле покана за истото. Учеството е доброволно и Ваш е изборот кои анкети ќе ги одговарате, а кои не. На одделна анкета имате право да одговарате само еднаш.

Дали може да учестувам со повеќе профили?

Не. Ние се потпираме на вашата искреност. Оној кој ќе се обиде да одговара од повеќе профили, ја ризикува можноста да заработи поени со тоа што сите профили ќе бидат избришани, а одговорите поништени.

Можам ли и како да го откажам своето членство?

Да. Откажување на членство се врши преку порака на нашата е-маил адреса: contact@inrekom.org.mk
По извршување на одјавата нема да добивате пораки од Институтот.

Како се врши селекција на соодветни испитаници?

Врз основа на податоците од Вашиот демографски профил. Ви испраќаме пред-прашалик составен од неколку прашања кои ни даваат до знаење дали сте соодветен испитаник за даденото истражување. Ако сте, во рок од два до три дена добивате прашалник од истражувањето.

Што ако не(можам) потполнам прашалник?

Нема проблем. Понекогаш од „икс“ причини не сте во можност да учествувате и тоа е во ред. Но, препорачуваме да одговарате што повеќе прашалници бидејќи само така расте и можноста за заработка.

Какви придобивки имам?

Секоја пополнета анекта носи поени. Не постои обврска за учество. Вашите податоци ги третираме доверливо согласно пропишаните стандардите.

Колку чини регистрацијата?

Вашето членство чини 0 денари.

Дали моите податоци се на безбедно?

Вашите податоци до ИНРЕКОМ се пренесуваат преку SSL технологијата – протокол кој обезбедува канал за комуникација и овозможува идентификација на серверот (SecuritySocketLayer) во шифрирана форма.

Кого можам да контактирам во случај да имам дополнителни прашања?

Испратете ни порака на e-mail адресата: contact@inrekom.org.mk .
Ќе се обидеме да Ви одговориме во најкраток временски период.