Изборната кампања во електронските медиуми

Изборната кампања во електронските медиуми

Иако со најмал број гласови од сите Претседатели, Стево Пендаровски сепак победи нешто околу 60 илјади разлика пред професорката Гордана Силјановска Давкова. Овие избори беа вторите избори за Претседател со најниска излезност, со 46,7%, веднаш после тие од 2009та со само 42,6%.
Победата му ја донесоа општините каде што мнозинско население е од албанската етничка заедница и тоа: Чаир, Тетово, Гостивар, Сарај, Струга, но и во партиските бастиони: Струмица и Куманово.
За разлика од него, противкандидатката Силјановска Давкова победи во скопските општини, како Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров, но и во другите поголеми градови и тоа: Велес, Кавадарци, Штип, Битола и Прилеп.
Но и овие избори, не пројдоа без ширење на говор по социјалните мрежи, со навреди кон кандидатите од другите табори. Таму говорот на омраза се користи како мамки за привлекување на противниците, но имаше и такви како твитер движењето БојкотирамПИ кое имаше за цел апстинирање од гласањето. Иако универзитетките професори кои беа во трка за фотелјата во вилата на Водно, користеа коректен речник кој на нив им доликува, црната кампања што не изоставува беше продолжена од пониските партиски ешалони и нивни партиски симпатизери, претежно на социјалните мрежи. Главно омразата беше упатена кон политичката припадност, но и кон етничката припадност, како и кон членовите на семејството. А МВР и одделението за компјутерски криминал имаа поднесено неколку кривични пријави

Во првите девет дена од изборната кампања, според извештајот на АВМУмож е да се каже дека медиумите се придржуваа до професионалните стандарди и обезбедија претежно избалансирано претставување на кандидатите. МРТ1 и ТВ 24 Вести обезбедија информации и за лицата со оштетен слух. И во вторите десет дена исто така не се забележани неправилности, а медиумите ја исполнија својата примарна дејност да информираат.
Во првиот круг од изборите, кандидатите имаа дебати на повеќе национални медиуми и тоа: Телма, МРТ1, Алсат-М, Сител и ТВ 21. Дел од националните телевизии исто така имаа и интервјуа со кандидатите и тоа: Алфа, Телна, 24 Вести, 1ТВ, МРТ2, Сонце, ТВ21, Клан и Шења.
Кандидатите за претседател исто така беа делумно активни и преку социјалните мрежи, па така, фејсбук страната „Другата страна на политика“ имаше направено креативно видео во кое професорката Силјановска Давкова и професорот Река одговараат на кратки прашања за нивниот приватен живот. Кандидатот, а сегашен Претседател, Пендаровски негираше дека бил поканет, но самата фејсбук страна тоа го демантираше. Тројцата кандидати исто така имаа и одговори и за една страна фејсбук страница, односно во поглед на ЛБГТИ заедницата.
Кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, после фејсбук настанот за Јога со Гога, упати и виртуелна покана за оброк со Гога.
Не останува изоставено и буџетското финансирање на кандидатите кое го плаќаа граѓаните, па така Министерството за финансии највеќе треба да им исплати на телевизиите . Па така Сител добил 168 илјади евра, Канал 5 104 илјади евра, Телма со 58 илјади евра, додека пак Алсат-М со 50 илјади евра. Другите медиуми се со помали суми.
Не изоставуваат и интернет порталите, па така Курир, Лидер и Денешен добиле нешто над 952 илјади денари само од кандидатката Силјановска. Порталите А1он и Максфакс, пак, добиле нешто над 223 илјади денари вкупно од двата кандидати, додека пак порталот Плус инфо, исто така, од двата кандидати заедно добил речиси 142 илјади денари.