Компаративна анализа на понудата на цените за роаминг

Компаративна анализа на понудата на цените за роаминг

Република Македонија има склучено договор за регулирани цени во роаминг со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а кон договорот се приклучени и останатите две држави од т.н. Западен Балкан: Албанија и Косово. Согласно договорот, постепено ќе се намалуваат цените, а откако ќе се укине роамингот помеѓу земјите од Балканската шесторка, истиот ќе биде укинат и кон ЕУ земјите – членки.
Република Македонија има потпишано меморандуми со источниот и јужниот сосед, со што наскоро треба да се започнат правните процедури во земјата како и во Бугарија и Грција, па граѓаните и на овие земји како и Македонците, да уживаат во намалени цени до целосно укинување на роамингот.
Опфатени се при-пејд и пост-пејд пакетите на четирите мобилни оператори во Македонија: Македонски Телеком, Вип, Лајкамобајл и Телекабел.
Исто така, поконкретно ќе бидат опишани и споредени цените кон најчестите дестинации за одмор на македонските граѓани за време на летните одмори. Како најчести дестинации за престој се: Турција, Грција, Бугарија, Италија, САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Франција, Австрија, Шпанија и Австралија.

Целосната анализа можете да ја погледнете на следниот линк: тука.