Политика за користење колачиња

Политика за приватност на личните податоци на интернет страницата www.inrekom.org.mk
Оваа Политиката за приватност на личните податоци на веб страницата го уредува начинот на кој www.inrekom.org.mk ги собира, користи и открива податоците собрани од корисниците на www.inrekom.org.mk.
Политиката за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.

Информации кои ги собираме?
Ние не собираме лични податоци за Вас, освен доколку не се одлучите да ни пратите порака по електронска пошта, при што доброволно ги давате вашите лични податоци (име, презиме, контакт информации).
При посета на интернет страницата, имајќи ја во предвид природата на Интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, број на посети, просечно време поминато на страната, типот на уреди, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Колачиња (cookies) на пребарувачот на интернет
“Колачиња” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата. На интернет страницата на Институтот за развој на електронски комуникации има само таков тип на „колачиња“ што исчезнуваат по исклучувањето на интернет пребарувачот, за разлика од оние кои можат да останат снимени на вашиот компјутер долг период. Со помош на ваквите фајлови Институтот го следи движењето на посетителите на интернет страницата и на тој начин собира податоци за да го подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на веб страната.

Промени во политиката за приватност на личните податоци на веб страната
Институтот има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на веб страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите
Со користење на оваа интернет страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Вашето континуирано користење на веб страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Ажурирано: јули 2019 година