Што е Online Анкетар?

Како член на „Online анкетар“, со секој пополнет прашалник добивате поени чија висина зависи од големината и комплексноста на прашањето. Доколку имате собрано минимум 1000 поени, имате право да ги претворите во парични средства, односно, 500 денари.

„Online анкетар“ ги поврзува компаниите и корисниците. Одговарајќи на прашања од повеќе бранши, истовремено и заработуваш и помагаш да се подобрат/развијат производите/услугите на одредени компании.
ЧЛЕНСТВОТО Е БЕСПЛАТНО И СЕ ВРШИ ПРЕКУ ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА. КЛИКНИ И РЕГИСТРИРАЈ СЕ!

Нема ништо подобро од тоа да те плаќаат само затоа што си дал свое мислење. Колку повеќе одговорени прашалници, добиваш толку повеќе поени кои може да ги претвориш во пари.

ТРИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ? ЕДНОСТАВНО Е! СИГУРНО Е! КОРИСНО Е!
Како член на „Online анкетар“ добивате покана за учество со податоци за вашиот демографски профил. На вашата е-маил адреса добивате прашалник кој може да го пополните преку мобилен, таблет или компјутер.
Учеството е анонимно, а ние гарантираме дека вашите податоци се на безбедно, односно нема да бидат споделени, позајмени или продадени на трети лица. Пристап со одговорите на одделен испитаник – нема, туку одговорите се собираат во вид на „базен“.
Личните податоци на испитаниците ни се потребни поради две цели:
– за поврзување на вашиот демографски профил со одговорите
– исплата на заработените средства од поени

Со секој пополнет прашалник освојувате поени. Доволно е да имате минимум илјада поени, за да добиете 500 денари на вашата сметка.
Ова е листата на поените кои ги добивате со учество во online истражувањата на ИНРЕКОМ:
Анкетен прашалник во времетраење до 10 минути: 5 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 11 до 15 минути: 10 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 16 до 20 минути: 15 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 21 до 25 минути: 20 поени
Анкетен прашалник во времетраење повеќе од 25 минути: 25 поени

Своите заработени 500 денари можете да ги побарате на електронската адреса (e-mail) contact@inrekom.org.mk.
Во пораката се потребни следните податоци: име и презиме, датум на раѓање и/или некој друг доверлив податок од Вашиот документ за идентификација како и бројот на трансакциската сметка.