ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ


jQuery UI Accordion – No auto height

ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

Здружението Институт за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје спроведува истражувања „Online анкетар“, овозможувајќи им учество на сите заинтересирани учесници преку пополнување на формуларот за регистрација на интернет-страницата www.inrekom.org.mk/online-anketar.
Со бесплатна и правилна регистрација, учествуваат во интернет-анкети преку кои собираат поени кои можат да ги претворат во пари. Преку е-маил, членовите добиваат покани за учество и за секоја правилно потполнета анкета добиваат од 5 до 20 поени во зависност од должината и комплексноста. Учеството во сите анкети е доброволно. Личните податоци се на сигурно и не се проследуваат на трети лица. Одговорите се анонимни и се поврзуваат со социо-демографските карактеристики. Членовите мора да ги прифатат обврските кои произлегуваат од условите преку што се регулира односот меѓу ИНРЕКОМ и членот на „Online анкетар“. За сите информации, ИНРЕКОМ ги известува членовите по е-маил.

РЕГИСТРАЦИЈА

Доколку сакаш да учествуваш во „Online анкетар“, мора да се регистрираш ТУКА, при што треба да исполниш неколку услови:
– мора да имаш наполнето најмалку 14 години и да имаш постојано живеалиште во Република Македонија;
– информациите кои ги нуди услугата да не ги користиш за (свои) деловни цели;
– мора да бидеш единствениот член од семејството, кој е регистриран;
– не смееш да се регистрираш повеќе од еднаш и не смееш при регистрацијата да оставиш лажни податоци и
– не смееш да го пренесуваш правото на член на трети лица по регистрацијата.

Исклучок е кога Институтот бара од својот член во одредено истражување да учествуваат и останатите членови од неговото домаќинство.

Доколку членот не се придржува до горенаведените услови, ИНРЕКОМ има право да го исклучи од членството. Собраните поени се поништуваат. Може да се бара надомест на штета или да се покрене судски спор против тој член. Сите членови повремено добиваат барање по е-маил за ажурирање на своите податоци
ИНРЕКОМ има право да побара копија од лична карта заради контрола на личните податоци, но и да не одобри членство по направената регистрација.

УЧЕСТВО ВО ONLINE ИСТРАЖУВАЊАТА

Членовите не се обврзани да учествуваат во секое истражување.
ИНРЕКОМ има право да врши селекција на членовите кои ќе бидат вклучени во истражувањто.
ИНРЕКОМ има право да ги прифати учесниците веднаш по регистрацијата.
Ако бројот на соодветни членови кои ги исполнуаваат демографските карактеристики е поголем од потребите, ќе бидат избрани по случаен избор. Поканите за членство се наменети лично за испитаникот и треба да се одговара самостојни без сугестии и помош од трети лица. Строго е забрането поканата да се користи за да овозможи трети лица да одговараат во нивно име. Исто така, членот не смее да дава неточни информации во истражувањето. Членот може во секој момент да прекине со потполнвање на одредено истражување и да продолжи со друго, но на тој начин поени не се добиваат. Затоа препорачуваме сите прашања да се одговорени до крај.

НАЧИН НА ИСПЛАТА

По собрани 1000 поени, членот може да побара исплата од 500 денари со испраќање на барање на е-маил адресата: contact@inrekom.org.mk со наслов (назнака): ИСПЛАТА, а исплатата се врши два пати годишно, во јуни и декември. Поените се исти за сите учесници.

Пред исплатата на парите, членот мора да потпише договор со ИНРЕКОМ кој се испраќа на домашната адреса на членот и истиот треба да се врати до адресата на ИНРЕКОМ. Доколку членот во рок од две години не ги искористи поените истите нема да важат.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

ИНРЕКОМ гарантира за сигурноста на Вашите податоци. Тие се користат исклучиво за потребите на истражувањето. Вашите податоци ни се потребни за:
– избор на учесници за учество во поединечни анкети помеѓу членовите;
– испраќање на покани за учество во интернет анкетите и
– известување и исплата на заработените поени.
Информациите од членот се анонимни и истите се бришат во рок од 30 дена по прекинот на членството.

ОДГОВОРНОСТИ НА ИНРЕКОМ

ИНРЕКОМ не одговара за технички грешки или штета предизивикана од делување на трети лица.
ИНРЕКОМ има право од интерни причини да престане со давање услуги одреден временски период. Во такви случаи на прекин, членовите немаат право да бараат надомест на штета од Институтот.
ИНРКОМ не одговара за посредна/непосредна штета, нереалзирана заштеда, губење приходи или интерес и друга последица заради побарувања од трета страна.

Доколку ИНРЕКОМ по барање на трета страна (Завод за статистика, АЕК, АВМУ) започне истражување на јавното мнение и повика одредени членови да учествуваат во истото, ИНРЕКОМ не гарантира за содржината на информациите кои ги бара налогодавачот, односно третата страна.

Доколку ИНРЕКОМ добие информации за противзаконски содржини нема да ги прифати упатените барања и веднаш ќе ја стопира работата на противзаконското истражување. Добиените одговори од членовите, Институтот нема да ги земе во предвид, ниту ќе ги достави до налогодавачот.
Доколку Институтот добие барање за истражување од трета страна (клиенти на ИНРЕКОМ) и ги повика своите членови да учествуваат во online истражувањето, одговорите/прашалниците кои ќе ги добие од своите членови, Институтот до клиенти ќе ги проследи исклучиво во анонимна форма.
ИНРЕКОМ Скопје во согласност со правилата за лични податоци на членовите, гарантира дека:
– на поранешните членови нема да проба да им продаде нешто
– личните одговори на членовите ќе останат анонимни
– одбивањето да се одговори на одредено прашање нема да има никакви последици за членството;
– во секој момент, членовите можат да побараат да бидат исклучени, а со тоа да бидат избришани и сите нивни лични податоци и
– ИНРЕКОМ нуди високо ниво на компјутерска заштита до пристапот на лични податоци од членовите во клубот.

ЗАБРАНА ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНИТЕ

Анкетите и прашалниците кои им се испраќаат на членовите, како и содржината на истите се заштитени со закон. Не е дозволено нивно споделување, складирање, копирање, обработка или пак проследување до трети лица дури и ако тоа се однесува само на делови или извадоци од податоците за истражување.
Членот се обврзува дека нема да ги споделува информациите до кои дошол по пат на истражувањето, односно дека нема да им ги отстапи на трети лица.
Институтот го задржува правото да го исклучи или блокира (за одреден период) членот, во случај членот да прекршил една од наведените обврски. Со таквата одлука, членот го губи правото да располага со освоените поени кои ги стекнал при учество во online истражувањата.
ИНРЕКОМ забранува секакво друго размножување, дистрибуција или објава на содржината без писмена согласнот од Институтот, а која може да се побара на contact@inrekom.org.mk .

ОТКАЖУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО

Како и регистрацијата, така и откажувањето на членството е бесплатно и се остварува со со испраќање на барање на е-маил: contact@inrekom.org.mk со назнака ОТКАЖУВАЊЕ. Поништувањето на членството станува активно веднаш штом ИНРЕКОМ добие порака од членот.
По извршената одјава, поените на членот се поништуваат веднаш.
ИНРЕКОМ Скопје го задржува правото да исклучи член, доколку постои основано сомнение дека членот ги прекршил условите на користење со моментално дејство преку испраќање на известување по е-маил.Резултатите од истражувањата во кои тој член учествува во моментот се поништуваат. Доколку дојде до прекин на членството, повторна регистрација е можна по 2 месеци.

ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ

За измени во условите за користење, ИНРЕКОМ ги известува членовите, преку електронска пошта пред тој да стапи на сила. Доколку во рок од 7 работни дена по примањето на писменото известување за промена на условите, членот не достави жалба до Институтот, ќе се смета дека измената на условите е прифатена.
Доколку не добие писмен приговор, Институтот ги активира промените веднаш, по истекот на зададените 7 работни дена. ИНРЕКОМ има обврска да одговори на писмениот приговор по пат на електронска пошта.

НАДЛЕЖНОСТ НА СУД

Доколку дојде до спор меѓу член и ИНРЕКОМ, надлежен е Основен Суд Скопје 2.
Членот се обврзува дека нема да поднесе судска постапка против ИНРЕКОМ доколку трето лице ги користи услугите на Институтот, меѓутоа членот има право на судска разврска доколку трето лице ги злоупотребило податоците на ИНРЕКОМ без знаење на членот и Институтот.