Услови за преземање

Услови за преземање

Согласно пристапувањето и согласно преземањето на содржините од интернет страницата на здружението Институт за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, се согласувате на следните услови за преземање.
Содржините во облик на текстови, аудио и аудиовизуелни материјали, фотографиите и другите содржини објавени од страна на Институтот на оваа официјална страница, се авторски.

За истите е дозволено бесплатно преземање, само под следните услови:
– текстот, најмногу до 20% од содржината, при што е задолжително да се наведе изворот, како и авторот (ИНРЕКОМ Скопје или пак конкретен автор доколку има) и да се вметне директна интернет врска (линк) до оригиналната содржина на нашата интернет страница на ИНРЕКОМ Скопје;
– аудио, аудиовизуелните и фотографските содржини, дозволено е да се преземат во целост, при што изворот односно ИНРЕКОМ Скопје мора да биде наведен во самиот наслов, а доколку има и текст, задолжително да се наведе и авторот (ИНРЕКОМ Скопје или пак конкретен автор доколку има) и да се вметне директна интернет врска (линк) до оригиналната содржина на ИНРЕКОМ Скопје. Преземањето на погоренаведените содржини (аудио, аудиовизуелните и фотографските содржини) е дозволено само од официјалната интернет страница и корисничките профили на социјалните мрежи и платформи на ИНРЕКОМ Скопје.

Преземањето на содржините на ИНРЕКОМ Скопје, надвор од овие услови или реемитување содржини произведени од ИНРЕКОМ Скопје, не е дозволено без претходен договор.

Доколку не биде наведен изворот (интернет врска, линк) или пак не е наведено името на Институтот (ИНРЕКОМ) во насловот на веста, Институтот ќе го смета за неовластено објавување на содржината и истото ќе Ве чини 25.000 денари (дваесет и пет илјади денари) без пресметан ДДВ за секоја неовластена објава на содржина, во сопственост на Институтот, за којашто ќе Ви биде испратена фактура за исплата.