ВИЗИЈА, МИСИЈА И ЦЕЛИ

ВИЗИЈА, МИСИЈА И ЦЕЛИ

Согласно член 9 од Статутот, визијата на ИНРЕКОМ Скопје е да станеме земја со високо развиени пазари за медиуми и електронски комуникации, како и самостојни и независни регулаторни тела.

Мисијата, пак, на ИНРЕКОМ Скопје е преку поддршка на процесите за развој на независни и самостојни медиуми и регулаторни тела, како и преку промоција на креирањето на политики базирани на истражувања, анализи и консултации со засегнатите страни да се постигне визијата и целите од овој Статут.

Во согласно со членот 10 од Статутот на Институтот, целите на ИНРЕКОМ Скопје се следниве :
– следење, истражување и анализа на пазарот електронските комуникации и медиумите;
– следење на јавното мислење во однос на моменталната ситуација со радијата, телевизии, интернет порталите, телекомуникациските оператори;
– следење и анализа на работењето на регулаторните тела од областа на електронските комуникации, медиумите и интернет сферата;
– развивање на слобода на говор и критичко размислување во граѓанското општество;
– развој на делиберативната демократија и партиципацијата од страна на граѓанскиот сектор во работењето на независните регулаторни тела;
– поттикнување на медиумска писменост во делот на радијата, телевизиите и интернет порталите преку активно учество;
– поддршка за развој на електронските комуникации следејќи ги најновите технолошки достигнувања, како и поддршка за развој на медиумите;
– развој на граѓанско општество и демократија во Република Македонија;
– спречување на влијанието врз работата на регулаторните тела и самите медиуми.
Задачите и дејностите на здружението се следниве:
– спроведување на анкети и фокус групи;
– изработка на студии и истражувања и објавување на истите;
– изработка на студии и истражување на јавното мислење за други субјекти;
– организирање на конкретни програмски активности;
– спроведување на заеднички проекти;
– организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
– поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
– изработка и предлагање на нови законски и подзаконски акти преку јавни дебати во кое ќе бидат вклучени претставници од други здруженија и фондации, претставници од операторите и медиумите, како и од регулаторните тела.