Често поставувани прашања

„ИНРЕКОМ Веб анкета“ претставува интернет услуга на Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје.
Членовите на „ИНРЕКОМ Веб анкета“, на својот е-маил во различни временски интервали добиваат прашалници на кои испитаниците треба да го споделат своето мислење.

По собраните 1000 поени заклучно до крајот на јуни или крајот на декември и сакате да ги подигнете вашите 500 денари, треба да ни испратите е-маил со барање за исплата. На електронската адреса ќе ви биде доставен образец од договор кој пополнет заедно со копија од лична карта и трансакциска сметка треба да ги испратите на ИНРЕКОМ. Доколку е сѐ во ред, средствата ќе ви бидат префрлени на сметка во определен рок.
Вашите прашања за подетални информации ги очекуваме на: contact@inrekom.org.mk, по што во рок од пет работни дена нашиот тим ќе Ви прати одговор на Вашето прашање.

Нема конкретна бројка. Учеството во истражувањата зависат од Вашиот демографски профил, па некогаш може да се случи да добиете повеќе анкети за кус рок, а некогаш да не добиете анкети подолг период.

Да. Контрола се врши за да бидеме сигурни дека секој одговор е осмислен. Во спротивно, доколку прашањата се одговорени нелогично, одговорите не се вреднуваат со поени. Ова важи за сите истражувања и сите испитаници.

Одговорите се разгледуваат групно и се претставуваат како просечна оцена за даденото истражување (пр. 7 од 10 лица во Македонија се информираат преку Интернет). Сите одговори се анонимни.

За секоја анкета ќе бидете информирани колку поени носи. Тоа зависи од големината и комплексноста на истата.

Во продолжение можете да го погледнете приказот на поени што ги добивате:
Анкетен прашалник во времетраење до 10 минути: 10 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 11 до 20 минути: 20 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 21 до 30 минути: 30 поени
Анкетен прашалник во времетраење повеќе од 30 минути: 45 поени

Исплатата на средствата се врши полугодишно, односно на секои шест месеци (јуни и декември).

Учеството во истражувањата зависи од вашиот пол, возраст и останати демографски податоци. Право на учество имаат оние кои претходно добиле покана за истото. Учеството е доброволно и Ваш е изборот кои анкети ќе ги одговарате, а кои не. На одделна анкета имате право да одговарате само еднаш.

Не. Ние се потпираме на вашата искреност. Оној кој ќе се обиде да одговара од повеќе профили, ја ризикува можноста да заработи поени со тоа што сите профили ќе бидат избришани, а одговорите поништени.

Но ова не значи дека останатите членови од Вашето семејство не можат да креираат сопствени профили – баш напротив, Ве охрабруваме да ги мотивирате сите членови од потесното и поширокото семејство да се приклучат на „ИНРЕКОМ Веб анкета“.

Да. Откажување на членство се врши преку порака на нашата е-маил адреса: contact@inrekom.org.mk
По извршување на одјавата нема да добивате пораки од Институтот.

Врз основа на податоците од Вашиот демографски профил. Ви испраќаме пред-прашалник составен од неколку прашања кои ни даваат до знаење дали сте соодветен испитаник за даденото истражување. Ако сте, во рок од два до три дена добивате прашалник од истражувањето.

Нема проблем. Понекогаш од „икс“ причини не сте во можност да учествувате и тоа е во ред. Но, препорачуваме да одговарате што повеќе прашалници бидејќи само така расте и можноста за заработка.

Секоја пополнета анекта носи поени. Не постои обврска за учество. Вашите податоци ги третираме доверливо согласно пропишаните стандардите.

Вашето членство чини 0 денари.

Вашите податоци до ИНРЕКОМ се пренесуваат преку SSL технологијата – протокол кој обезбедува канал за комуникација и овозможува идентификација на серверот (SecuritySocketLayer) во шифрирана форма.

Испратете ни порака на e-mail адресата: contact@inrekom.org.mk .
Ќе се обидеме да Ви одговориме во најкраток временски период.