ШТО РАБОТИМЕ

ШТО РАБОТИМЕ

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје во своето работење врши квантитативни и квалитативни истражувања. Кај квантитавните истражувања користи евалуативен истражувачки пристап кој дава податок за тоа колкав процент на луѓе мислат, чувствуваат или се однесуваат на одреден начин и користат статистички анализи за одредување на резултатите. За разлика од квантитативното, кај квалитативно истражување се употребува длабински истражувачки пристап кој дава увид во тоа што луѓето мислат, чувствуваат и прават и која е причината за нивното однесување. Институтот во своето работење, исто така, нуди консултански и други видови на услуги и обуки.


jQuery UI Accordion – No auto height

Телефонска анкета со примена на CATI систем (Computer Assisted Telephone Interview)

– таблет со прашалник на компјутер и се спроведува од едно место преку телефонски разговор.
– прашалникот се појавува на мониторот и одговорите на прашањата директно се запомнуваат во база на податоци
– се карактеризира со висока ефикасност и точност
– предност е можноста информациите да бидат собрани од географски расфрлан примерок за пониски трошоци и побрзо време

Лице в Лице истражување

– најпопуларен и најстар начин за собирање информации.
– синхронизирана комуникација во време и простор: анкетарот обезбедување поголема респонзивност и квалитет на податоците.
– анкетарот користи стандардизиран прашалник, кој по соодветен редослед му го презентира на испитаникот.
– за разлика од панел дискусиите и фокус групите, во ова истражување испитаникот не е под влијание на останатите учесници.

Интернет истражување (Computer Assisted Web Interview)

– испитаниците одговараат на прашалници преку интернет.
– прашањата се на мониторот и одговорите веднаш се запомнуваат во дата база.
– постои автоматско логичко скокање на прашања, автоматска ротација на прашањата.
– податоците се веднаш достапни, со што се намалува можноста за дополнителни грешки.
– може да се имплементираат логоа, слики, видео и аудио записи како дел од самото истражување.

Фокусни групи (групни дискусии)

– испланирана дискусија дизајнирана да испита перцепции, ставови, мотиви, преференции за одредена тема/прашање од интерес.
– во групата учествуваат од 8 до 10 учесници.
– учесниците се избираат според некој критериум релевантен за темата на дискусијата.
– за дискусијата се прави аудио/видео запис,транскрипт или може да се следи во живо по барање на клиентот.
– учесниците во разговорот се водени од модератор кој изнесува теми за разговор според однапред дефинирано сценарио.

Длабински интервјуа (in – depth)

– квалитативен метод на собирање податоци и се спроведува со еден испитаник.
– интервјуерот може подлабински да ги истражи чувствата и перспективите на испитаникот во однос на темата.
– прашањата започнуваат со “како“ и “зошто“ и не нудат можни одговори.
– интервјуерот активно слуша што одговара испитаникот и според тоа ги насочува прашањата.
– најчесто се снимаат и се прават кратки белешки.

Панел истражување

– лонгитудинален истражувачки дизајн за повторени опсервации на сет варијабли за ист примерок.
– длабински преглед на ставовите, мислењата и навиките на група луѓе и како истите се менуваат со текот на времето.
– подобен за истражување на потрошувачки навики, медиумски навики, за евалуација на вести, кампањи или за интернет портали.

Онлајн панел

– се прави со група индивидуи кои се избираат според претходно дефинирани критериуми.
– начинот на кој се регрутираат е најчесто со давање некаква понуда за заработка или истакнување на можноста да се даде мислење за нов продукт/услуга.
– нуди побезбедна околина за испитаниците со што се зголемува квалитетот на податоците и се добиваат одговори од испитаници кои поради географски ограничувања не може на друг начин да се добијат.

Секундарно прибирање на податоци (Desk research)

– анализа на информации кои веќе постојат/ кои се некаде објавени.
– во себе вклучува on-line прибирање податоци, објавени владини податоци и податоци од потрошувачи.
– институтот преку секундарното прибирање на податоци изработува: студии, истражувања и анализи.

Радио и ТВ мониторинг

Ваквиот тип на истражувања подразбира следење на аудио и видео материјал на радио и ТВ станици. Се употребува за следење на реклами, музички спотови, песни, огласи. Информациите од овој вид се користат од страна на маркетинг агенции, музички автори и изведувачи, продукциски куќи, огласувачи.

Таен купувач (Mystery shopping)

– вклучува обучени анкетари без никаков инструмент за мерење, со помош на глумење на потенцијален потрошувач/корисник.
– може да се соберат најразлични атрибути – професионалност, познавање на производот/услугата, услужливост, време за чекање, потребно време за одговор на барањето, вештини за справување со тешки клиенти, чистота на работниот простор итн.
– кај испитуваните не постои свесност дека се дел од истражување, затоа што во спротивно не би се однесувале спонтано.
– анонимноста и правата на сите вклучени страни треба да се добро запазени и заштитени.
– резултатите служат за подобрување, понатамошна едукација и евалуација на работниот кадар.

Консултантски услуги

– менторски услуги на здруженија на граѓани
– подготовка и спроведување на инстражувања
– изработка на студии
– водење на процес на подготовка на проектни апликации
– услуги за имплементација на проекти
– водење на процес за подготовка на програми
– подготовка на стратегии