ВОЛОНТЕРСТВО

Волонтерството е еден од најдобрите начини да се помогне во образованието на младите во едно општество, преку здобивање на искуство и функционирање во работен тим, што во текот на нивниот живот ќе им биде од значителна корист. Затоа, ИНРЕКОМ ја поддржува волонтерската работа за сите млади професионалци кои сакаат да придонесат во исполнувањето на нашите цели и мисија и имаат заедничка визија со нас.
Затоа Вашето време и вештини ни значат и сте добредојдени! Доколку посакувате да научите повеќе и да ги вклучите Вашите лични достигнувања и идеи кон целите на Институтот, Ве покануваме да се приклучите во нашиот тим!
Институтот за да допринесе кон поголема транспарентност и отвореност во работењето, донесе посебна Програма за волонтерска работа и истата можете да ја погледнете на следниот линк тука.
За да се приклучите кон тимот на ИНРЕКОМ, контактирајте не’ испраќајќи меил на: contact@inrekom.org.mk со наслов „Волонтерство“ со Вашето CV и/или кратко мотивационо писмо со Вашите податоци.

Оглас за волонтерство