Оваа Политиката за приватност на личните податоци на веб страницата го уредува начинот на кој www.inrekom.org.mk ги собира, користи и открива податоците собрани од корисниците на www.inrekom.org.mk.
Оваа страницата односно Политика, претставува документ кој служи како детално објаснување и информирање за тоа како Институтот за развој на електронски комуникации (во понатамошниот текст, скратено: ИНРЕКОМ) или нашите партнери ги користат податоците или информациите кои ги собираме кога вие ги посетувате сервисите на нашата интернет страница: www.inrekom.org.mk како и некои од процедурите кои ги преземаме за да ги заштитиме тие податоци.
Политиката за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.
Ние не собираме лични податоци за Вас, освен доколку не се одлучите да ни пратите порака по електронска пошта, при што доброволно ги давате Вашите лични податоци (име, презиме, контакт информации).
Исто така, ние собираме информации за Вас кога ќе се регистрирате за услугата „Веб анкета“ со внесување на податоците во полињата и за нив важат посебни услови за користење.
Посета на интернет страницата, е анонимна и без потреба од регистрација. Но имајќи ја во предвид природата на Интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, број на посети, просечно време поминато на страната, типот на уреди, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет, временската зона, јазикот и слични информации.
“Колачиња” ( cookies) се мали текстуални датотеки (фајлови) кои интернет страницата и сервер провајдерот ги сместуваат односно се зачувуваат на Вашиот компјутер или мобитен телефон односно Вашиот хард-диск, преку Вашиот веб прелистувач (ако таа опција Ви е овозможена), заради следење на движењето на Вашиот интернет прелистувач од страна на интернет страницата.
Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите интернет страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.
Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Со помош на ваквите фајлови Институтот го следи движењето на посетителите на интернет страницата и на тој начин собира податоци за да го подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на веб страната.
На нашата интернет страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
– За техничко функционирање на интернет страницата;
– За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
– За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
– За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа интернет страница.
Кога ја посетувате нашата интернет страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од интернет страницата на Институтот сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која интернет страница сте биле пренасочени.
Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на интернет страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа интернет страница можеби нема да работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од прелистувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате интеренет страницата, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалности.
Ние не ги продаваме, тргуваме или на друг начин пренесуваме на надворешни страни Вашите информации.
Ние може да ги споделиме Вашите информации во случај тоа да е побарано од нас од страна на државни органи со цел спроведување на истражна постапка. Информациите би биле споделени само преку доставување на судски налог во кој детално се објаснети потребните информации.
ИНРЕКОМ на најдобар можен начин ќе се обиде да ги заштити Вашите информации, но со самото користење на сајтот Вие се согласувате дека нема да гo сметате ИНРЕКОМ за одговорeн доколку таквите информации бидат украдени, ненамерно објавени или случајно изменети и дека нема да преземате било какви правни мерки или да барате оштета.
Повремено, ние може да вклучиме или да понудиме производи или услуги од трети лица на нашата веб страница.
Овие интернет страници имаат одделни и независни политики за приватност. Затоа, ние немаме никаква одговорност или одговорност за содржината и активностите на овие интернет страници.
Сепак, ние сакаме да го заштитиме интегритетот на нашата интернет страница и ги поздравуваме сите повратни информации за овие интернет страници.
ИНРЕКОМ содржи интернет врски (линкови) кон надворешни страници кои кога е можно ќе се означуваат како такви.
ИНРЕКОМ нема надзор кон податоците, информациите и останатите содржини на надворешните интернет страници кои водат надвор од сопствената интернет страница и во целост се одрекува од секаква одговорност поврзана со содржините на интернет страниците креирани од страна на трети лица.
ИНРЕКОМ не е одговорeн за содржината на страниците на огласувачите на интернет страницата, доколку ги има, ниту за било каква штета настаната од рекламирање на интернет страницата на Институтот.
ИНРЕКОМ се оградува од одговорност за:
– било каква штета која корисниците ќе ја предизвикаат или претрпат при користењето на интернет страницата, а е резултат на злоупотреба, уништување или оштетување на содржините или функционалноста на интернет страницата;
– било каква штета настаната од рекламните содржини објавени на порталот, доколку ги има;
– било каква штета настаната со употреба на објавените услови;
– вистинитоста и точноста на податоците објавени во содржините, како и достапноста на услугите;
– било каква штета настаната со користење на интернет страниците достапни преку интернет врски (линкови) објавени на интернет страницата;
– коментари на содржините на интернет страницата, објавени од корисниците, а истите не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на ИНРЕКОМ, ниту се согласува или ги поддржува на било кој начин;
ИНРЕКОМ исто така го задржува правото да ограничи коментари на интернет страницата кои: содржат непристојни изрази, закани, клевети, промовираат услиги или производи или пак содржат говор на омраза.
Институтот има право да ја ажурира Политиката, во кое било време, без претходно известување. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да проверува и дека е свесен за промените.
ИНРЕКОМ не е одговорен за било каква настаната штета поради промена на Политиката. Политиката на приватност, како и Условите за преземање и користење важат за сите содржини, страници, услуги, интернет домени и поддомени кои се во сопственост на ИНРЕКОМ (www.inrekom.org.mk).
ИНРЕКОМ не е одговорен за било каква штета настаната од овие промени.
Последен датум на промена: Четврток, 09 Април 2020 година