Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје и оваа година го анализира европскиот извештај за напредокот на Македонија кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на поглавјето 10 за дигиталната трансформација (порано информатичко општество) и медиумите, како и на слободата на изразување во делот на фундаменталните права и слободи. ИНРЕКОМ оценува дека заклучоците од овогодишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија се подобрени во споредба со минатогодишниот извештај. Сепак, некои од старите нереализирани препораки сè уште остануваат.
И оваа година оценката во Поглавјето 10 за подготвеноста останува 3 – умерено напреднато, како и тројка за одреден напредок во целото поглавје, што претставува подобрување во споредба со минатогодишниот извештај.
Сублимирано, овој извештај, за разлика од претходниот, во однос на поглавјето 10 содржи повеќе пофалби и помалку критики. Сепак, Владата ќе мора да вложи поголеми напори преку новоформираното министерство за дигитална трансформација за да ги поврзе институциите и да ги олесни услугите за граѓаните. Дополнително, потребно е да се ревидира медиумскиот пазар со цел заштита на медиумите и новинарите, како и слободата на говор и известување. Додека минатите извештаи беа фокусирани на формалното донесување закони, овој извештај укажува дека е направен чекор напред и започнати се активности за подобрување во повеќе области од дигиталната трансформација и медиумскиот сектор.
Целиот коментар и сублимат на извештајот од Европската комисија може да го прочитате подолу: