Институт за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ
Институтот за развој на електронски комуникации, со скратен назив ИНРЕКОМ од Скопје, е независно, невладино, непартиско, непротифитно и секуларно здружение на граѓани, основано на 27 јули 2018, а впишано во Централниот регистар со решение на 3 август истата година.
ИНРЕКОМ како невладина организација има за цел развој на информатичкото општество и дигиталната демократија во Македонија, како и давање на совети, услиги и помош околу дигиталната трансформација на државата преку т.н. „Дигитална агенда“. Ова е особено важно во текот на процесот на преговори за зачленување во Европската Унија (Поглавје 10, кластер 3).
Институтот одблизу гo следи работењето на регулаторните тела, тековите на пазарите на медиумски услуги и електронски комуникации како и надлежните министерства. Освен медиумите и операторите на електронски комуникации, ИНРЕКОМ е посветен и на полињата за: сајбер безбедноста, следењето на електронските комуникации и приватноста во дигиталниот свет, хидбридните закани со акцент на лажните вести, говорот на омраза и сајбер булингот, дигиталната агенда и е-Влада, дигиталната трансформација на јавната администрација и дигиталната демократија, медиумската, информациската и дигиталната писменост, електронските услуги во јавниот и приватниот сектор, електронската трговија и е-маркетингот.
Преку редовни истражувања и анализи, но и коментари и ставови, Институтот за равој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, ги предочува недостатоците и предлага соодветни решенија со цел унапредување на квалитетот на услугите, но и изградба на поголема независност на медиумите и регулаторните тела во земјата, но и целосен развој на целокупното информатичко општество во Македонија.
Институтот освен што спроведува класични истражувања и пишува документи за јавни политики, исто така спроведува и истражувања на јавното мислење, фокусни групи, длабински интервјуа, јавни кампањи и одржува обуки и работилници, како за сопствени потреби, така и за клиенти.
Основен профил
Здружение Институт за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје
„Никола Малешевски“ 41/5-9, општина Чаир, град Скопје, Република Македонија
ЕМБС: 7292384
ЕДБ: 4082018522188
Трансакциска сметка:
Денарска: 290-0000258476-41 ТТК Банка а.д. Скопје
Девизна: IBAN: MK07290722000018377 SWIFT Code: TTXBMK2X TTK Bank A.D. Skopje
Контакт: contact@inrekom.org.mk | 076/557-335
ТИМОТ НА ИЗВРШНАТА КАНЦЕЛАРИЈА
Институтот со цел извршување на своите работни задачи ангажира волонтери кои стекнуваат пракса во ИНРЕКОМ, согласно Програмата за волонтерска работа.
ВОЛОНТЕРИ И ПРАКТИКАНТИ