Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје и оваа година го следи и анализира европскиот извештај за напредокот на Македонија кон полноправното членство во Европската Унија, во поглед на поглавјето 10 за дигиталната трансформација (порано познато како информатичко општество) и медиумите, како и во делот на слободата на изразување во делот на фундаменталните права и слободи.
ИНРЕКОМ смета дека заклучоците на овогодинешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија се подобри во однос на минатогодишниот извештај. Некои од старите нереализирани препораки остануваат но и надополнети со нови.
И годинешната оценка за подготвеноста во однос на дигиталната трансформација и за во однос на слободата на изразување останува 3 – умерено напреднато, како и двојка во поглед на ограничениот напредок во целокупното поглавје.
Сумирано, од целокупниот извештај, со ова се испраќа порака до новото мнозинство во Собранието и македонската Влада дека е потребно да ги спроведат наведените европски препораки со кои ќе се забрза патот кон членство во европското семејство. Дополнително, Владата ќе мора да вложи напори кон поголема дигитализација на институциите и нивна поврзаност, но и поголеми реформи во медиумската сфера. Ако во минатото имало формално донесување на акти, а немало суштинско усогласување или спроведување, овој Извештај јасно дава до знаење како да се спроведат суштински реформи во пракса.
Целиот коментар и сублимат на извештајот од Европската комисија може да го прочитате подолу: