ПРОЕКТ: Достапност до јавни услуги

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, во периодот од 24.10.2024 до 26.11.2024 спроведе испитување на јавното мислење преку CATI метода за потребите за проектот насловен „Достапност до јавни услуги“.

Истражувањето беше насочено кон истражувањето на потребите и искуствата на граѓаните при пристапот до јавни услуги понудени од државните институции. Истражувањето беше спроведено за потребите на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот во Љубљана и докторантката Тања Панева.
Тематски, прашалникот беше поделен на два дела. Првиот дел прибираше информации околу искуствата при пристап до јавните услуги лично, на шалтер, додека вториот дел се однесуваше на пристапот до јавните услуги на интернет, во дигитален формат.

Клиент: Факултет за јавна администрација при Универзитет на Љубљана.