Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ од Скопје врши различни истражувачки услуги преку различни методи на работа. Па така, вршиме истражување на деск анализи, статистичка обработка на податоци, анализи на содржина, дискурзивна анализа, мониторинг, квантитативни истражувања преку кои доаѓаме до податок за тоа колкав статистички процент на луѓето мислат или се однесуваат на некој начин (пр.: телефонски, теренски и веб анкети) и квалитативни истражувања кои се длабинско истражувачки и даваат увид во тоа што луѓето мислат, чувствуваат и прават и која е причината за нивното однесување идентификувајќи различни фактори (пр.: фокусни групи и длабински интервјуа). Исто така нудиме дизајнирање на истражувања, обуки, конференции, кампањи и застапувања и лобирање.
Како основна дејност на Институтот е собирањето на податоците (Desk research) и нивна анализа. Преку информации кои веќе постојат односно кои се објавени некаде, ние изработуваме студии, истражувања и анализи. Готовиот производ – студијата односно истражувањето е погодно за анализирање на одредени пазари или пак општествено-политички случувања. Студијата во себе може да содржи и дискурзивна анализа – истражувачки метод за проучување на значењето на резултатите во одреден општествен контекст. Целта е да се разбере неготово можно толкување од различни групи во различни ситуации.
Истото во себе може да вклучува и резултати од испитување на јавното мислење на граѓаните/корисниците/клиентите.
Институтот врши и телефонски анкети со компјутерска асистенција. Истражувачите изработуваат прашалници во соработка со клиентот за потребите на истражувањето. Прашалникот се појавува на екранот на компјутерот или таблетот, а одговорите на прашањата се запомнуваат во базата на податоци веднаш, додека анкетарот го обавува телефонскиот разговор. Овој вид на истражување се карактеризира со висока ефикасност и точност, а предност е и можноста информациите да бидат собрани од географски расфрлан примерок што ќе опфати повеќе општини, за пониски трошоци и побрзо време.
Институтот врши и теренско истражување – лице в лице. Овој вид истражување е најпопуларен и најстар начин на собирање на податоците, погоден за подолги анкети. Теренските анкети овозможуваат синхронизирана комуникација во времето и просторот помеѓу анкетарот и испитаникот: се обезбедува поголема респонзивност и квалитет на податоците бидејќи за разлика од фокус групите, во ова истражување испитаникот не е под влијание на останатите учесници и е поконформен во својот дом.
Институтот спроведува и Интернет (веб) истражувања преку својот „ИНРЕКОМ веб анкета“, искористувајќи ја моќта и предноста на интернетот, како на пример можноста да бидат испратени прашалниците на голем број испитаници ширум државата. Овој вид истражување овозможува испитаницните да одговараат на анкетата преку интернет, било кога и од било каде, вклучително и на прашалници што се со подолго времетраење. Прашањата се на екранот од компјутерот, таблетот или мобилниот телефон, а на истите може да се имплементираат и логоа, слики, видеа или аудио записи како дел од самото истражување. Одговорите веднаш се запомнуваат во дата базата, со што се овозможува брзо собирање на податоците и повратни информации со клиентот.
Институтот спроведува и фокусни групи. Фокус групата претставува група во која учествуваат од 8 до 10 учесници, кои се избираат според некој критериум релевантен за темата на дискусијата или пак со давање некаква понуда за заработка или истражување на можноста да се даде мислење за нов продукт/услуга, а се водени од модератор кој изнесува теми за разговор според однапред дефинирано сценарио. Фокус групата е испланирана дискусија дизајнирана длабински да испита перцепции, ставови, мислења, мотиви, преференции и навики за одредена тема/прашање од интерес. За дискусијата се прави аудио/видео запис,транскрипт или може да се следи во живо по барање на клиентот. Овој вид истражувања е подобен за анализирање на потрошувачки навики, медиумски навики, за евалуација на вести, кампањи или за интернет портали.
Институтот спроведува длабински интервјуа, кои претставуваат квалитативен метод на собирање податоци и се спроведува со еден испитаник, а целокупното интервју најчесто се снима и се прават кратки белешки. Истражувачот преку овој вид на истражување, може подлабински да ги истражи чувствата и перспективите на испитаникот во однос на темата и истиот активно слуша што одговара испитаникот и според тоа ги насочува прашањата. Прашањата во интервјуто најчесто започнуваат со “како“ и “зошто“ и не нудат можни одговори.
Институтот за потребите на своите клиенти спроведува и радио и ТВ мониторинг. Тоа подразбира следење на аудио и видео материјал на радио и ТВ станици, како на пример: реклами, музички спотови, песни, огласи. Информациите од овој вид се користат од страна на маркетинг агенции, музички автори и изведувачи, продукциски куќи, огласувачи.
Институтот има обучени тајни клиенти / купувачи за потребите на истражувањата. Тајното купување или разгледување на услугите вклучува обучени анкетари без никаков инструмент за мерење, со помош на глумење на потенцијален потрошувач/корисник. Преку ова истражување може да се соберат најразлични атрибути – професионалност, познавање на производот/услугата, услужливост, време за чекање, потребно време за одговор на барањето, вештини за справување со тешки клиенти, чистота на работниот простор итн. Кај испитуваните не постои свесност дека се дел од истражување, затоа што во спротивно не би се однесувале спонтано. Исто така, анонимноста и правата на сите вклучени страни треба да се добро запазени и заштитени, а добиените резултати служат за подобрување, понатамошна едукација и евалуација на работниот кадар.
Институтот спроведува обуки од областа на истражувањето на јавното мислење, информатичкото општество, медиумите и дигиталната демократија. Истите имаат за цел да пренесат знаење и вештини кон учесниците во обуките и истите да се стекнат со сертификати.
Дел од обуките се:
1. Обука за креирање на прашалници, примерок и методологија за истражување и извештаи со визуелизации
Учесниците ќе стекнат знаења за креирање на анкетни прашалници и знаења за анализа на резултатите од анкетите. Учесниците ќе стекнат знаења за формирање на кратки и концизни прашања и одговори, преку кои ќе се добие посакуваниот одговор.
Во однос на изработката на примерокот за истражувањето, учесниците ќе стекнат знаења за соодветна застапеност и релевантност на застапеноста на испитаниците во резултатите од истражувањето според соодветните статистички податоци. Методологијата што може да се применува во едно истражување исто така ќе биде застапена во обуката.
Исто така, учесниците ќе научат како да изработат наративни извештаи со опис на резултатите но и вузуелизирање (на пр. графички приказ) на резултатите.
2. Обука за телефонски и теренски анкетари
Учесниците во обуката ќе се стекнат теоретско знаење за најдобриот пристап во вршењето на различни видови на анкети и ќе совладаат практични вештини за спроведување и анализа на резултатите. Учесниците исто така, ќе бидат подготвени за телефонски и теренски анкети.
3. Обука за таен клиент
Учесниците ќе можат да се стекнат со знаења и вештини самостојно да нотираат наоди од добиената услуга преку „таен клиент/купувач“. Преку овој начин на истражување, учесниците ќе знаат како да дојдат до пошироката слика за целокупниот процес на нудењето услуги.
4. Обука за проценка на влијанието на регулативата – извештаи во сенка
Целта на оваа обука е учесниците за дознаат кои се придобивките од проценката на влијанието на регулативата и предностите со изработката на истата проценка. Целта е учесниците да можат да ги дефинираат пречките кои треба да бидат решени и да се оспособат за процесот на консултации со релевантните страни во процесот на подготовка на подобра регулатива.
Институтот спроведува и друг вид на обуки, согласно можностите и потребите на клиентот.