Анализа на програмската понуда на националните радиодифузери

Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје во почетокот на месец Март 2019 година, спроведе истражување во однос на програмските понуди на телевизиите со национална концесија во Република Македонија.
Анализата е еден сублимат на моменталните програмски шеми кај 13 радиодифузери кои својата програма ја нудат на национално ниво, а воедно и вклучува заклучоци и препораки во насока на збогатување на понудата, без да се навлезе во самостојните уредувачки политики кои телевизиите ги имаат.
Целосната анализа на програмската понуда на националните телевизии, можете да ја прочитате пристапувајќи тука.