Анализа на првата недела од изборната кампања и однесувањето на медиумите

Анализа на првата недела од изборната кампања и однесувањето на медиумите

Бурна прва недела од изборната кампања. Новиот претседател на државата ќе се бира на шестите претседателски избори од независноста на Македонија. Партиските возови со полна пареа сообраќаат низ Републиката во обид да ги убедат гласачите да го дадат својот глас за нивниот кандидат. За престижната фотелја за вилата Водно се борат тројцата кандидати од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА со Алисјансата за Албанците. Кој ќе биде следниот шеф на државата?

Блерим Река
Кандидат за Претседател поддржан од БЕСА и АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ
Републиканскиот модел кој го промовира во рамки на кампањата под мотото „Река за Републиката“, на професорот Блерим Река му ја донесе поддршката од БЕСА и Алијанса за Албанците, но и од над 10.000 граѓански потписи.
Блерим Река е редовен професор на Универзитетот за Југо-Источна Европа, каде што беше декан и про-ректор. Богатата биографија на Блерим Река не го прави странец во политиката, тој се запиша како амбасадор на ЕУ мисијата на Република Македонија во Брисел, а во својата кариера ги книжи и членството во ЕУ советот при МАНУ, како и титулата – експерт за Западен Балкан. Река има богата научна-публицистичка дејност со издадени бројни трудови во областа на меѓународното право, меѓународните односи и правото на ЕУ.
Под бројот 1,караванот „ЗА републиката“своето патешествие го започна со конвенција на плоштадот „Скендер Бег“ во Скопје на првиот ден од кампањата. Досега во рамки на активностите на изборниот штаб на Река беа одржани вкупно три големи митинзи и повеќе од 10-тина мини митинзи и средби со граѓани. Како и останатите двајца кандидати и Река има своја веб страна со јавно објавена детална агенда на минати и идни кампањски настани http://blerimreka.org/mk/events/.Во рамки на досега одржаните активности, карактеристични се граѓанските трибини со кандидатот на БЕСА и АА, под името „Разговори со РЕКА“.
Според програмата на Река, Македонија е држава, но не и Република.
Кампањата на Река е присутна и на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер со над 16,000 фанови, односно над 200 следачи на твитер. Како и кај корисничките налози на другите кандидати, кај пристапот на Река исто така отсуствува двонасочната комуникација со следачите од социјалните медиуми. Така што, активноста е сведена на објавување текстови, слики, видео и известувања за следните теренски активности, без можност за директна комуникација. Река, како и Силјановска Давкова е отсутен од Социјалната мрежа Инстаграм, а нема ниту Јутјуб канал каде би ги објавувал активностите.

Гордана Силјановска Давкова
Кандидатка за Претседателка предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Со поддршка од над 30 интелектуалци професорката Гордана Силјановска Давкова ја доби и поддршката од преку 10.000 граѓански потписи, а финално и од коалицијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Силјановска Давкова е универзитетски професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Во богатата биографија ги вбројува и бројните научни достигнувања на домашно поле, но и на светската сцена преку признанија за достигнувања и членство во различни светски организации.
Под мотото „ПРАВО И ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА“ преку митинзи, средби со граѓани, но и социјалните – електронски медиуми, агендата на проф. Силјановска Давкова е транспарентна во поглед на идните активности.
Бројот на одржани и планирани активности во рамки на кампањата е лесно достапен преку нејзината интернет страница: (се пишува на екран, не и чита) www.gordanazapretsedatel.mk/agenda. Карактеристично е што на почетната страница на кандидатката, постои видео-сегмент во кое на знаковен јазик се повикува да се заокружи нејзиниот реден број, бројот 2.
Кампањата на Давкова продолжува и на социјалните мрежи, делумната активност на facebook и донесе над 23 илјади фанови, додека на twitter над 1.400 следач(к)и. Делумната присутност на Силјановска Давкова на социјалните мрежи, како и кај другите кандидати, е дефинирана од фактот што освен објавувањето текстови, слики и видеа, отсуствува директната интеракција со следачите.
Единствената некарактеристична интеракција на Силјановска Давкова со своите следачи беше настанот „ Јога со Гога “, каде беа поканети корисниците на Фејсбук од Охрид и околината. Нешто што досега не беше пракса кај другите кандидати или пак во другите изборни циклуси.
Нејзиниот You Tube канал нередовно се ажурира, иако говорите од митинзите се објавуваат на You Tube профилот на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, Силјановска Давкова е отсутна од социјалната мрежа која е најпопуларна помеѓу младите, Инстаграм, што е пропуст во опфатот на младинската група гласачи.

Стево Пендаровски
Кандидат за Претседател предводен од СДСМ
Пендаровски е универзитетски професор, политичар, аналитичар. За својата кандидатура собра нешто повеќе од 20 илјади граѓански потписи и ја доби поддршката од СДСМ и уште 30 коалициони партнери. Ова е втора кандидатура на Пендаровски, откако се соочи со пораз на претходните претседателски избори во 2014.
“Заедно напред” е слоганот под кој настапува Пендаровски веќе 9 дена. Секојдневно, преку трибини на кои редовно учествуваат премиерот и министри од Владата и средби со граѓани, тој ја презентира својата програма која би ја реализирал доколку седне на претседателската фотелја.
Под бројот 3, кампањата на Стево започна во Долнени. Досега во рамки на активностите на изборниот штаб на Пендаровски беа одржани повеќе од 25 митинзи и собири со граѓани, како и изборната конвенција на 3ти април во салата Борис Трајковски во Скопје.
Пендаровски ужива релативно голема популарност на facebook со над 72 илјади фанови, на twitter нешто над 8 илјади следач(к)и и на instagram со околу 3 илјади. Активностите на дневна база постојано се постираат на овие социјални мрежи. Директна интеракција со фановите нема.
Стево поседува у свој личен YouTube канал на кој ги постира најважните поенти од неговите настапи.
Првото соочување на кандидатите се одржа на ТВ Телма. Според анкетите и мислењата на социјалните мрежи, Давкова ја ужива позицијата на фаворит, а Река успеа да ги придобие симпатиите на македонското гласачко тело. Пендаровски ја потенцираше важноста на ЕУ и НАТО и беше поддржан од коалиционите партнери СДСМ и ДУИ.

Под будното око на АВМУ е работата на сите радиодифузери. Директорот Зоран Трајчевски вели дека подобрување има, но сепак меидумите тешко се одделуваат од партиското менторство. Главната улога ја имаат главните уредници и новинари.
“Ова е скандалозен начин на финансирање на изборната кампања и доведува до блиски релации меѓу сопствениците на медиумите и политичарите и не води кон подобрување на состојбите во медиумскиот простор во РМ” – вели Трајчевски.
Регулација за интернет порталите нема, а нема ниту најава за долгорочно законско решение, откако претходното издржа едвај месец дена.
Зголемена е свеста кај граѓаните за поднесување претставки околу работата на медиумите до агенцијата.