Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ од Скопје после 6 години активно делување, преку овој проект за внатрешен институционален развој има за цел да прерасне во значајна мисловна лабораторија односно тинк-тенк во македонската граѓанска односно невладина заедница.
Токму затоа, ИНРЕКОМ има повеќе зацртани цели согласно овој проект и тоа:
– промена на називот во Македонски институт за дигитално управување Диги Тинк Скопје
– нов и унапреден визуелен идентитет и впечаток
– нов дизајн на интернет страницата и нов домен: www.digithink.org.mk / www.digitink.mk
– нови полиња на интерес согласно донесената повеќегодишна стратегија за работа
– проширување на целната група
– проширување на бројот на активни теми што се обработуваат
– зголемување на капацитетите за работа на Извршната канцеларија со цел зајакнување на Институтот
– зголемување на бројот на членови и зајакнување на нивното учество во работата
– зголемување и развивање на волонтерството во рамки на Институтот
– поголема едукација и кариерен развој на вработените и волонтерите во Институтот
– организациско јакнење на органите на управување во Институтот и донесување на нови акти за подобрено внатрешно функционирање
– усвојување на нов Статут и донесување на повеќегодишен Стратешки документ
– зајакнување на капацитетите за пишување и раководење со проектни циклуси
– зголемување на финансиската независност и самостојност преку диверзификација со цел поголема самоодржливост
– зголемување на бројот на клиенти заинтересирани за испитувања на јавното мислење и истражувања на пазарите
– развивање на вештини за застапување и лобирање по прашања од интерес на Институтот
– поголемо вмрежување во платформи и мрежи и учество во проекти со други организации
– зголемена соработка со државни институции и регулаторни тела од областите на делување на Институтот
– поголема медиумска присутност како и поголемо учество на настани и средби