Компаративна анализа на телекомуникацискиот пазар во сегментот на фиксни и мобилни услуги

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, во текот на месец Февруари 2019 година, спроведе анализа за состојбата на понудата и цените што операторите на фиксни и мобилни услуги ги нудат за резиденцијалните, домашните физички лица односно корисници.
Сумирајќи ја моменталната понуда, како и споредувајќи ги цените и понудата во пакетите, состави краток документ што може да укаже какви се разликите во цените и да одговори на прашањата на од обичните корисници во врска со понудите.
Ова е прва ваква споредба и Институтот ќе врши вакви компарации и во иднина со цел да ја следи сликата на пазарот во однос на цените и понудите што операторите ги нудат, но и воедно да им го олесни изборот на корисниците за избор на оператор.

Целата споредбена анализа за понудата на операторите на фиксни и мобилни услуги, можете да ја погледнете пристапувајќи тука.