Институтот за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ Скопје преку својата програма за објави од соработници, го објавува трудот изработен од студентки на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжењерство на тема „Дигитален отпечаток: Трагите што ги оставаме во виртуелниот свет“.
Трудот за потребите по предметот „Медиуми и комуникации“ го имаат изработено: Сара Симјаноска, Сара Петреска, Викторија Калаџиска и Александра Крушароска. Мислењата и ставовите објавени во ова истражување се мислења и ставови на авторките и нужно не ги претставуваат мислењата и ставовите на ИНРЕКОМ Скопје.
Целта на самото истражување е да се зголеми свесноста за важноста на доброто управување со дигиталниот отпечаток и примената на добри практики за онлајн безбедност.