Коментар на извештајот од ЕК за напредокот на Р.С. Македонија за 2019 година

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, во продолжение ги сумира деловите од Извештајот на ЕК кои се однесуваат на инфоматичкото општество, електронските комуникации, медиумите и слободата на говор.
Иако извештајот на Европската Комисија за напредокот за 2019 година на Р.С. Македонија дава безусловна, чиста препорака за почеток на преговорите за членство, во извештајот има одредени забелешки кои како домашна работа треба македонската Влада да ги спроведе.
Европската Комисија забележува одредени напредоци во повеќето полиња – во делот за информатичкото општество, електронските комуникации, медиумите и слободата на говор односно изразување, но сè уште остануваат забелешките што беа дел од минатогодишниот извештај во Април 2018 година.
За забелешка се користените термини како „одреден напредок“ и „подготвеност“. ИНРЕКОМ смета дека особен напредок во полето на наш интерес, сè уште нема, за што доказ се и забелешките во годинешниот извештај.

Целиот коментар од Институтот во однос на извештајот, можете да ја погледнете пристапувајќи тука.