Анализа за состојбата на странските телевизии и нивните локализирани верзии

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, во текот на месец мај 2019 година, спроведе анализа за состојбата на странските ТВ канали и имањето локализирана верзија на македонски јазик.
Дополнително, Институтот спроведе и online анкета со цел да ги сумира погледите на македонските гледачи во поглед на ТВ каналите кои ги нудат македонските оператори.
Главна цел на анализата беше разгледувањето на членот 64 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а ИНРЕКОМ, исто така, во анализата предлага четири модели на решавање на ситуацијата со непреведени канали на македонски јазик во Република Македонија.

Целосната анализа и резултатите од анкетата, можете да ги погледнете пристапувајќи тука.