Што е ИНРЕКОМ веб анкета?

Како член на „ИНРЕКОМ веб анкета“, со секој целосно пополнет прашалник добивате поени чија висина зависи од големината и комплексноста на прашањето. Доколку имате собрано минимум 1000 поени, имате право да ги претворите во парични средства, односно, 500 денари.

„ИНРЕКОМ Веб анкета“ ги поврзува компаниите и корисниците. Одговарајќи на прашања од повеќе бранши, истовремено и заработувате и помагаш да се подобрат/развијат производите/услугите на одредени компании.
ЧЛЕНСТВОТО Е БЕСПЛАТНО И СЕ ВРШИ ПРЕКУ ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА. КЛИКНЕТЕ И РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ!

Нема ништо подобро од тоа да Ве плаќаат само затоа што сте дале свое мислење. Колку повеќе одговорени прашалници, толку повеќе поени добивате кои може да ги претвориш во пари.

ТРИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ? ЕДНОСТАВНО Е! СИГУРНО Е! КОРИСНО Е!
Како член на „ИНРЕКОМ Веб анкета“ добивате покана за учество со податоци за вашиот демографски профил. На Вашата е-маил адреса добивате прашалник кој може да го пополните преку мобилен, таблет или компјутер.
Учеството е анонимно, а ние гарантираме дека Вашите податоци се на безбедно, односно нема да бидат споделени, позајмени или продадени на трети лица. Пристап со одговорите на одделен испитаник – нема, туку одговорите се собираат во вид на „базен“.
Личните податоци на испитаниците ни се потребни поради две цели:
– за поврзување на Вашиот демографски профил со одговорите
– исплата на заработените средства од поени

Со секој пополнет прашалник освојувате поени. Доволно е да имате минимум илјада поени, за да добиете 500 денари на вашата сметка.
Ова е листата на поените кои ги добивате со учество во online истражувањата на ИНРЕКОМ:
Анкетен прашалник во времетраење до 10 минути: 10 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 11 до 20 минути: 20 поени
Анкетен прашалник во времетраење од 21 до 30 минути: 30 поени
Анкетен прашалник во времетраење повеќе од 30 минути: 45 поени

Своите заработени 500 денари можете да ги побарате на електронската адреса (e-mail) contact@inrekom.org.mk.
Откако ќе ги побарате, ние ќе Ви испратиме договор за да го пополните и да ни го вратите во скенирана форма. Истиот содржи Ваши лични податоци (име и презиме, ЕМБГ, општина и трансакциска сметка) со цел да можеме да Ви извршиме исплата на забоработената сума.