Здружението Институт за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје спроведува истражувања „ИНРЕКОМ Веб анкета“, овозможувајќи им учество на сите заинтересирани учесници преку пополнување на формуларот за регистрација на интернет-страницата www.inrekom.org.mk/web-anketa.
Со бесплатна и правилна регистрација, учествуваат во интернет-анкети преку кои собираат поени кои можат да ги претворат во пари. Преку е-маил, членовите добиваат покани за учество и за секоја правилно потполнета анкета добиваат од 5 до 20 поени во зависност од големината и комплексноста. Учеството во сите анкети е доброволно.
Личните податоци се на сигурно и не се проследуваат на трети лица. Одговорите се анонимни и се поврзуваат со социо-демографските карактеристики.
Членовите мора да ги прифатат обврските кои произлегуваат од условите преку што се регулира односот меѓу ИНРЕКОМ и членот на „ИНРЕКОМ Веб анкета“. За сите информации, ИНРЕКОМ ги известува членовите по е-маил.