Пред една година, нашата прва објавена анализа даде осврт на понудата кај мобилните оператори во Македонија. Во објавеното истражување го анализиравме соодносот помеѓу цената и понудата, а сега, една година потоа ИНРЕКОМ објавува ново истражување кое ќе покаже што се променило во понудата на операторите, но и кои се очекувањата и мислењата на корисниците.
Токму за оваа цел, Институтот за развој на електронски комуникации во периодот од 13 до 28 февруари спроведе истражување на јавното мислење преку електронска анкета на тема поврзана со мобилната телефонија, а во истата беа опфатени 650 испитаници.
Анкетата покажа интересни тенденции во навиките на корисниците, но и нивните идни аспирации кога се во прашање очекувањата и можноста за продолжување претплата кај одреден оператор. Анкетата покажа дека најголем број од анкетираните користат пост-пејд претплата и се корисници на Македонски Телеком и А1 Македонија.