Со цел да се испита јавното мнение кај македонската публика, Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје, спроведе интернет анкета (Computer Assisted Web Interview). Главната цел на оваа анализа е да се покаже кои од најгледаните и најприсутни странски транснационални телевизии кај нашите оператори, се локализирани односно преведени на македонски јазик. Споредбено, исто така, ќе биде компарирано и со податокот дали и кои канали се преведени на албански јазик, бидејќи е дозволен согласно Законот, а воедно и го говорат најмалку 20% од вкупното население во државата.